Сантијаго Хименез е фудбалер кој е роден во Буенос Аирес, но порасна во Мексико и има двојно државјанство. Иако Хименез можеше да настапува за репрезентацијата на Аргентина, тој реши да го носи националниот дрес на Мексико. Веќе има одиграно 24 натпревари за оваа репрезентација и постигнато четири голови.
„Го сакам Меси, мислам дека тој е најдобар фудбалер во историјата, но немав намера да донесам одлука поради Меси, туку да го слушам моето срце. Ја донесов вистинската одлука. Семејството ме натера да се сомневам и да размислам за Аргентина, но моето срце не беше таму и денеска сум среќен поради одлуката што ја донесов и што можам да играм за Мексико. Го сакам Меси, тој е најдобар во историјата, но повеќе би сакал да играм против него, отколку со него“, рече Хименез.
Мексиканскиот репрезентативец со голем успех настапува за тимот на Феенорд од Ротердам и досега во 67 натпревари постигна 43 голови, а има и осум асистенции.