Билетите за дуелот меѓу Интер Мајами и Филаделфија јунион во рамките на полуфиналето на Лига купот на САД се распродадени само за осум минути.
Продажбата на билетите во билетарниците и онлајн продажбата за овој натпревар започна во 14 часот, а само осум минути подоцна, домаќинот Филаделфија јунион објави дека сите билети пуштени во продажбба се распродадени и дека останале само ограничен број билети за деловите од трибините за стоење.
Цените за билетите се движеле од 400 до 600 долари, најевтините билети за секторите за стоење чинеле 317 долари, додека најниската понуда за два билети била 322 долари. Најскапите билети се продавале за 1.700 долари.
Просечната цена за билетите на домашните натпревари на Филаделфија јунион се движи од 35 до 102 долари.