Поради направени фаули, на еден меч во просек се губат од 10 до 16 минути

Компанијата за фудбалска статистика „CIES Football Observatory“ направи анализа на 38 домашни првенства од Европа и Јужна и Средна Америка за тоа колку време се губи на еден меч поради направени фаули.

Анализата е на 33 европски првенства и пет шампионати во Америка, направена во периодот од почетокот на сезоната до 24 февруари оваа година. Според пресметките, најмногу време поради прекршоци се губи во шампионатот на Мексико, каде што во просек се губат 16,27 минути. Потоа следува колумбиското првенство со 16,07 минути потрошени поради фаули, а во Европа на прво место е португалското првенство (16,06 минути потрошени поради фаули).

Најмногу фаули во просек има во првенството на Србија (30,7 фаули по меч), пред италијанската Серија Б (30,5 фаули по меч) и Португалија со 30,1 фаули во просек по меч.

Најмалку фаули во просек има во холандското првенство, само 20,3 во просек, каде што исто така се губат и најмалку минути поради фаули, а тоа е 10,01 минути во просек по натпревар.

- Оглас -

Најнови вести