Јувентус загуби на гостувањето кај Сасуоло, па Старата дама уште повеќе ги намали шансите дека може да стигне до позиција која носи излез во Лигата на шампионите. Голот со кој Сасуоло го победи италијанскиот гигант беше постигнат во второто полувреме, а како главен виновник е посечен младиот Николо Фаџиоли.
Играчот за врска кој ја има првата сезона во сениорскиот тим на Јувентус, несмасно реагираше по еден корнер на противникот, па наместо да ја расчиси опасноста од пред својот гол, му ја намести топката на противничкиот играч Дефрел кој погоди за победа на домаќинот. Голот со кој Сасуоло може да го видите ТУКА.
Само две минути по голот на Сасуоло, тренерот на Јувентус, Масимилијано Агегри реши да го извади од игра Фаџиоли, а играчот кој само што седна на клупата за резерви, почна да плаче покажувајќи емоции поради грешката што ја направи.
What it's like playing for Allegri.
Siamo tutti Fagioli.#SassuoloJuventus pic.twitter.com/RezQ6dvxMl— El_Poderoso (@ronanodowd) April 16, 2023