Пред десет години, поточно на 11 август 2013 година, во Монтреал „пукна“ пријателството помеѓу тенисерите Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ, барем така велат Канаѓаните кои сакаат да бидат причина за разгорување на ривалството на овие легенди.
Надал и Ѓоковиќ беа блиски пријатели до пред една деценија, а веројатно поради ривалството и тоа што станаа лути конкуренти еден на друг, односот почна да се заладува и тие продолжија да имаат меѓусебна почит, но веќе никогаш не беа блиски како порано.
Некои сметаат дека еден потег на нивниот дуел во Монтреал бил почеток на растурање на блискоста. Тогаш Надал со топче в лице го погоди Ѓоковиќ. Србинот упати остар поглед кон Шпанецот, а тој спортски се извини.
https://twitter.com/i/status/1688263845813379073