Поради погрешните копачки на Кукуреља, Челзи прими два гола од Тотенхем (Видео)

Лондонскотo дерби меѓу Тотенхем и Челзи започна со возбудливи моменти и со три гола за дваесетина минути, при што Шпанецот Марк Кукуреља се најде во центарот на вниманието поради две критични грешки.

Натпреварот започна во дождливи услови, што очигледно создаде проблеми за Кукуреља, кој не се подготви со соодветна опрема. Веќе во петтата минута, тој се сопна, што му овозможи на Џонсон да ја украде топката и да го асистира на Соланке, кој лесно постигна гол за 1-0.

Само шест минути подоцна, Кукуреља повторно направи истата грешка. Овојпат топката заврши кај Дејан Кулушевски, кој со фантастичен удар го зголеми водството на Тотенхем на 2-0.

Нервозниот Кукурела потоа мораше да ги промени копачките, а камерите го забележаа овој момент.


Новата опрема веднаш даде резултат, бидејќи тој асистираше на Џејдон Санчо во 18. минута, кој го намали резултатот на 2-1.

Натпреварот продолжи со динамична игра и неизвесност, а Кол Палмер од пенал во вториот дел израмни и на 2-2.

- Оглас -

Најнови вести