Поради Роналдо мора да го напушти Ал Наср, па порача: Отсекогаш сметав дека Меси е подобар

Камерунскиот репрезентативец, Винсент Абубакас, е жртвата по доаѓањето на Кристијано Роналдо во Ал Наср и мора да си замине од тимот од Саудиска Арабија, но не му остана должен на Португалецот.

Поради ограничениот број на странци во лигата, Абубакар стана вишок со доаѓањето на Роналдо, и откако дозна дека ќе мора да си оди од Ал Наср, не пропушти да ја пецне новата ѕвезда на тимот.

„Секогаш мислев дека Меси е подобар од Роналдо. По тренингот со него можам да кажам дека секогаш бев во право“, изјави Абубакар, кој веќе се поврзува со трансфер во Фенербахче или во Манчестер Јунајтед каде би дошол како замена токму за Португалецот.

- Оглас -

Најнови вести