По ангажманите на Рамос, Донарума, Вајналдум и Хакими, во редовите на ПСЖ требаше да пристигне уште едно засилување, но трансферот на Хоакин Кореа од Лацио е ставен на чекање.
Францускиот вицепрвак ги договори условите за потенцијалната аквизиција, за кого се подготвени да издвојат 18 милиони евра плус Пабло Сарабија, шпанскиот репрезентативец, но спортскиот директор Леонардо не се брза да го комплетира трансферот.
Имено, Светците се во потрага по првокласен напаѓач, а се верува дека во наредниот период ќе се испрати понуда до Јувентус за услугите на Кристијано Роналдо. Иако од таборот на Бјанконерите потврдија дека нивната суперѕвезда нема да го напушти Торино летово, ПСЖ и покрај тоа ќе се обиде да го доведе искусниот Роналдо за напад на трофејот во Лигата на шампионите.