Поради смртта на Жота, на Вимблдон се „прекрши“ едно култно правило старо 148 години

Најпознатиот тениски турнир во светот, Вимблдон одлучи барем на кратко да го промени култното правило старо 148 години и тоа поради смртта на фудбалската ѕвезда од Ливерпул, Диого Жота.

Диого и неговиот брат Андре Силва загинаа откако нивниот автомобил излета од патот, а потоа се запали. Двајцата загинаа на самото место на несреќата.

Токму поради оваа трагедија, челниците на Вимблдон дозволија да се прекрши едно правило поврзано со облеката. На Вимблдон има правило дека сите тенисери мора да носат бели маици и шортцеви. Овојпат, поради смртта на Жота, организаторите дозволија тенисерите да може да стават црн флор во знак на почит кон загинатите Жота и неговиот брат.

Прв кој го искористи ова е португалскиот тениер Франциско Кабрал, кој игра во дабл. Тој играше заедно со Лукас Медлер и победија, а на едниот ракав носеше црн флор.

„Ужасната вест ја слушнав додека патував кон Вимблдон. На неговото семејство му посакувам се најдобро. Се надевам дека ќе го пребродат ова“, рече Кабрал, кој додаде дека цело време додека играл, размислувал за смртта на Жота и неговиот брат Андре. Кабрал потенцираше дека не ги познавал фудбалерите, но дека Диого бил вистински спортски пример за цела Португалија.

- Оглас -

Најнови вести