Српскиот првак Црвена ѕвезда утре требаше да игра на гости кај Јединство Уб, но тој дуел е одложен. Причина за одложување на овој дуел се лошите времински услови. Во делови од Балканот паднаа обилни вренежи од снег, па освен мечот на актуелниот српски шампион, одложени се уште неколку натпревари во повеќе земји од Балканот, но и во Франција.
„По обилните снежни вренежи, се одложува дуелот од 16 коло меѓу Јединство – Црвена ѕвезда, кој беше закажан да се игра в сабота, на 23 ноември 2024 година со почеток во 17 часот. Новиот термин на одигрување на овој натпревар ќе биде дополнително објавен“, пишува во соопштението.
Во Белград е одложен дуелот кој требаше да се игра на стадионот на Вождовац меѓи ИМТ Нови Београд и ТСЦ Бачка Топола. Во Босна и Херцеговина одложена е средбата меѓу Радник Бјелина и Зрински, а во Словенија не играа Браво и Радомље.
Во Франција одложени се сите дуели од женската елитна лига, како и дуелите од пониските лиги во машка конкуренција