Поради тоа што го направи на судијата што го искучи, може да заработи суспензија од седум месеци (Видео)

Тренерот на Олимпик Лион Пауло Фонсека може да добие драстична казна поради неспортското однесување за време на мечот против Брест. Лион на домашен терен славеше со 2:1, но во петата минута од судиското надополнување, стратегот на домаќините доби директен црвен картон.

Фонсека имаше жестоки приговори кон судијата Беноит Мило. Арбитарот веднаш му покажа црвен картон на тренерот, а потоа му се „споија жичките“ на Фонсека. Тренерот збесна, му се внесе директно в лице на судијата, а малку фалеше да има и физички контакт.

Потоа следуваа и пцовки на адреса на судијата. По мечот, Фонсека се извини за испадот.

„Се извинувам за моето однесување. Не требаше така да постапам. Фудбалот понекогаш нѐ тера да правиме работи кои не се исправни“, рече Фонсека, но тешко дека ова извинување ќе го поштеди од заработување на суспензија.

Според правилникот на француската лига, ваков испад може да донесе суспензија од дури седум месеци за тренерот на Лион.

- Оглас -

Најнови вести