Поради војната, првенството е завршено: се знае кои клубови ќе играат во еврокуповите

Фудбалското првенство на Украина нема да биде продолжено и ниту еден клуб нема да биде прогласен за шампион за сезоната 2021/22. Оваа одлука е донесена поради тоа што веќе два месеца фудбалот е во прекин поради руската инвазија над Украина.

Војната во Украина уште трае и нема шанса првенството да се доигра, па клубовите се договорија првенството да биде прекинато, а распоредот на табелата кој беше актуелен на 24 февруари ќе се смета како конечен при одлучувањето на тоа кои екипи ќе играат во европските купови.

Лидер беше тимот на Шахтар со 47 бода пред Динамо Киев, кој има два бода помалку, и овие два клуба ќе играат во квалификациите за Лигата на шампионите.

Во Лигата на Европа ќе играат третопласираниот Днипро, а во Конференциската лига ќе играат четвртопласираната Зорја и Ворскла, која заврши на петтото место.

- Оглас -

Најнови вести