Поради загаден воздух се одложи меч од шпанското првенство

Мечот меѓу Еибар и Реал Сосиедад кој требаше да се игра попладнево во Примера дивисион, е одложен. Причина за одложувањето е загадениот воздух кој е во близина на стадионот „Ипур Ипуруа“, домот на Еибар.

Во близина на стадионот, односно на само еден километар се наоѓа депонија која во последните денови создаде големи проблеми за градските власти. Депонијата беше запалена, а потоа ѓубрето затруша двајца работници кои уште не се пронајдени.

Дел од запаленто ѓубре уште не е изгаснато, а мерењата на воздухот покажале дека нивото на диоксини и фурани – високо загадувачки токсични хемикалии што се испуштаат во воздухот кога согоруваат пластика и други материјали е на 40 пати повеќе од нормалното ниво за урбаните области. Диоксините и фураните се знае дека имаат сериозен ефект врз здравјето на луѓето, предизвикуваат проблеми со развојот и репродукцијата и го ослабуваат имунолошкиот систем. Тие исто така можат да доведат до карцином.

Челниците на Примера јавно излегоа со соопштение околу овој одложен дуел. „Во контакт со Ла Лига, РФЕФ и вклучените клубови, Комитетот за конкурентност и по препорака на владата на Баскија, одлучи да го одложи натпреварот Еибар-Реал Сосиедад што беше ќе се одржи на 16 февруари во 16:00 часот на стадионот Ипуруа“, стои во соопштението на шпанската фудбалска лига.

Еибар моментно е на 16-тото место на табелата со четири бода повеќе од зоната за испаѓање, додека Сосиедад е на 8. место со 37 бодови.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести