Поради загадената вода во реката Сена, откажан тренингот на триатлонците

Дождот што врнеше во петокот и во саботата во Париз ја загадил Сена и ги принудил организаторите да го откажат тренингот за триатлон планиран за недела наутро во реката, но и покрај тоа, тие се „уверени“ дека натпреварувањето во тој спорт ќе се одржи во вторник и среда.


Триатлонот е првиот олимписки настан кој треба да се одржи во реката Сена, пред пливањето на отворени води во втората недела од Олимписките игри во Париз.

Организацискиот одбор на Олимписките игри, меѓународната триатлонска федерација, како и локалните власти донеле „заедничка одлука за откажување на пливачкиот дел од запознавањето со триатлонот“ закажан за денеска, бидејќи „водостоите не даваат доволна гаранција“, се наведува во соопштението.

Организаторите истакнуваат дека приоритет сепак е здравјето на спортистите. Пред натпреварувањето во вторник и среда, триатлонците дури и да немаат можност да се „запознаат“ со реката, можат да продолжат со тренинзи во базен, и тоа во легендарниот базен „Џорџ Валери“ на истокот од Париз каде пливале спортистите на Олимписките игри одржани пред точно сто години, во 1924 година.


„Трчањето и велосипедизмот“ за неделниот утрински тренинг „ќе се одржат според планот“, соопштија организаторите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести