Поради закани за убиство, Демаркус Казинс ќе оди во затвор

Полицијата во сојузната држава Алабама издаде налог за апсење на НБА-ѕвездата Демаркус Казинс, и тоа поради закани за убиство.

Казинс пред неколку дена се ожени, а еден ден пред венчавката бараше од неговата поранешна девојка Кристи Вест да му дозволи на нивниот 7-годишен син да присуствува на венчавката. Вест неколку пати категорично ги одбивала барањата на Казинс, па кошаркарот ѝ се заканил: „Тогаш ќе се погрижам да ти ставам куршум во главата“.

Снимки од телефонскиот разговор во кои се слушаат заканите на Казинс се предадени и до полицијата, а поранешната негова девојка потврдила дека може да биде издаден налог за апсење.

Казинс во летниот период потпиша за Лос Анџелес лејкерс, но поради тешката повреда на вкрстените лигаменти, ќе ја пропушти целата сезона која треба да започне.

- Оглас -

Најнови вести