Поради започнатата војна, украинскиот фудбал е стопиран

Војната која започна меѓу Русија и Украина веќе направи проблеми во спортот. Челниците на украинскиот фудбал решија за 30 дена да го стопираа првенството.

Оваа одлука е донесена само неколку часа откако започна руското бомбардирање врз повеќе украински градови.

„Заради воведувањето на воената состојба во Украина, фудбалското првенство е стопирано“, стои во соопштението.

Првенството во Украина имаше зимска пауза, а требаше да продолжи утре, со мечот од 19-тото коло меѓу Минај и Зорија. По 18 одиграни кола лидер е Шахтар Донецк со 47 поени, а втор е Динамо Киев со два бода помалку, додека на третото место е Днипро.

- Оглас -

Најнови вести