Поради Златан, цела Италија го слушна хитот на Нада Топчагиќ (видео)

Правата ѕвезда на Милан, Златан Ибрахимовиќ, вчера дебитираше на музичката сцена како ководител на Сан Ремо музичкиот фестивал во Италија, а со самото појавување на сцената, Златан приреди шоу.

Во моментот кога Ибрахимовиќ стапи на сцената, во позадина се емитуваше хитот на Нада Топчагиќ „Утро е“. Дали Златан сам ја нарачал оваа песна или сето тоа беше во рамките со емисијата, останува непознато, но барем цела Италија слушна за српскиот фолклор-хит.

Инаку, Ибрахимовиќ моментално е повреден, па затоа вечерва ќе го пропушти дуелот меѓу Милан и Удинезе, како и наредните три меча на Росонерите, од кои еден е против Манчестер јунајтед во Лигата на Европа.

- Оглас -

Најнови вести