12.8 C
Skopje
понеделник, 25 август 2025

Порака од ФФМ до АМС: Ако не знаете, Македонија го елиминира европскиот првак Италија во 2022 година

Фудбалската репрезентација на Македонија во 2022 година беше на чекор од пласман на Светското првенство во Катар, откако во баражот ја елиминира Италија со победа на гости во Палермо, но, за жал, во последниот меч загуби од Португалија во Порто.

Иако Македонија не беше дел од Мундијалот, победата над Италија и елиминацијата на некогашниот четрикратен светски првак и актуелен европски владетел беше вест која одекна низ целиот свет.

Овој историски успех на Македонија сепак не се најде на листата на успеси кои заслужуваат признание или награда, во изборот кој синоќа го направи Агенцијата за млади и спорт. Токму затоа, од ФФМ упатија порака до АСМ потсетувајќи ги што направи фудбалската репрезентација во 2022 година.

- Оглас -

Најнови вести