Порака од Италија: Судиите го уништија и ВАР системот, вратете ни ги старите скандали

Вратете ни ги старите добри скандали во италијанскиот фудбал. И тие беа подобри од циркусот што се случува на терените со примената на ВАР системот. Судиите ја уништуваат и модерната технологија, па се случува хаос во Серија А, пишуваат италијанските медиуми.

Во фокусот е мечот меѓу Јувентус и Сампдорија, каде имаше дури три ситуации во кои судијата Валери ја користеше ВАР технологијата и донесе чудни одлуки, дури и по прегледувањето на спорните моменти.

„Пеналот за Сампдорија не постоеше, а потоа се случи компензација во корист на Јувентус. Сега дури ништо не ни е јасно. Ова е вистинска конфузија во нашиот фудбал. Има спорни ситуации кои воопшто не се разгледуваат, а има очигледни ситуации, по кои се носат спротивни одлуки од тоа што сите го очекуваме. Судиите се загубија во целиот хаос и се почесто носат смечни одлуки  на очиглед на фудбалската јавност“, пишуваат новинарите на „Калчомеркато“.

На вчерашните натпревари од Серија А имаше многу протести по чудните одлуки на судиите, а жестоки реакции има од таборот на Самдпорија, на Лацио, Фиорентина, Калјари.

Еклатантен пример за недоследност во примената на ВАР системот беше и недосудениот пенал над Горан Пандев пред две недели на дуелот во Рим меѓу Рома и Џенова. Судијата воопшто и не сакаше да реагира и да ја провери спорната ситуација во самиот финиш, кога нашиот репрезентативец беше турнат од зад грб во дуелот со Алесандро Флоренци.

- Оглас -

Најнови вести