Порака од Јувентус: Лудост ќе биде ако сега го избркаме Алегри!

Јувентус очајно ја започна сезоната, па во првенството има само две победи во седум кола, додека во Лигата на шампионите е со нула бодови по првите две кола. Навивачите на Старата дама се бесни поради овие резултати, бараат одговорност, многумина очекуваат и смена на тренерот Масимилијано Алегри, но тоа засега нема да се случи.

Извршниот директор на Јувентус, Маурицио Аривабене, е категоричен дека смена на тренерот нема да има, туку дека сите треба да работиме многу понапорно и резултатите ќе дојдат.

„Сега да направиме некаква промена во управувањето, би било лудост. Проблемите треба да се анализираат од сите агли. Поминавме тешки години, не само на фудбалски план. Обвинувањата нема да донесат ништо добро. Макс Алегри не само што има договор, тој има и план за развој во следните 3-4 години. Ако сакате да барате виновник, еве го најдовте. Јас сум виновникот“, рече еден од главните луѓе во Јувентус, Аривабене.

- Оглас -

Најнови вести