Порака од Катар до Мадрид: Или платете колку што треба или нека ви игра голферот

Реал Мадрид вчера испрати понуда од 160 милиони евра до Пари Сен Жермен за Килијан Мбапе и според некои информации, парижаните биле изненадени бидејќи очекувале Реал да понуди помала сума, со оглед на финансиската криза. Сепак, како вистински трговци, тие првично ја одбија понудата, а наводно би го ослободиле Мбапе за 200 милиони.

Реал нема да плати 200 милиони, туку ќе чека до 31 август Светците сепак да ги прифатат овие 160 бидејќи Мбапе, кој не сака да го продолжи договорот, ќе си замине бесплатно следното лето.

Шеикот Ал Тани од Катар, кој често ја разбранува јавноста со свои објави на „Твитер“, на Реал му порача: Или согласете се да ја платите потребната сума пари или цела сезона нека ви игра голферот.

Фановите на Реал се навредени од оваа порака бидејќи „голферот“ Герет Бејл колку и да не е популарен во Мадрид поради изјавата дека играњето голф му е поважно од Реал, сепак има четири титули во Лигата на шампионите, а ПСЖ уште нема ниту една.

- Оглас -

Најнови вести