Порака од Лалана до сите играчи на Ливерпул: Не смее да има релаксирање

За Ливерпул 2019 година ќе биде година што нема да се заборави. Гигантот од „Енфилд роуд“ стана европски првак, а го трасираше и патот кон освојување на долгооечкуваната титула во Премиер лигата. Ливерпул цели 30 години чека да биде шампион во Англија, а по досега одиграните 19 меча во првенството, покажа дека е голем фаворит за трофејот.

Ливерпул веќе има двоцифрена предност во однос на сите ривали и во вториот дел од сезоната не смее да ја прокоцка залихата. Адам Лалана, кој е еден од најискусните во тимот на Ливерпул, потенцира дека никој од неговите соиграчи не треба да се релаксираат и во 2020 година треба да продолжат во ист ритам.

„Сакаме да ја задржиме истата форма и во 2020 година. Не смееме да се опуштиме, а „Енфилд“ треба да остане нашиот бастион“, рече Лалана.

Ливерпул нареди 50 натпревари без пораз на свој терен. На 2 јануари токму на „Енфилд роуд“ игра против Шефилд јунајтед.

 

- Оглас -

Најнови вести