Манчестер сити со голем пресврт во самиот финиш успеа да го освои „Енфилд роуд“ и да слави над Ливерпул со 1-2. На тој начин Граѓаните се вратија на минус шест од лидерот Арсенал и ја продолжуваат борбата за враќање на шампионскиот трофеј.
„Овој стадион е најтешкиот за мене во целата Премиер лига. Ремито тука обично е добар резултат за повеќето екипи, но ние сакавме да го постигнеме победничкиот гол. Кога постигнав погодок, бев среќен, но знаев дека мораме да дадеме уште повеќе. И Халанд го направи тоа. Мислам дека целиот тим знаеше дека доколку го загубиме овој натпревар, трката за титулата ќе заврши. Чувствувавме дека едноставно мораме да победиме. Ова нè доближува до првото место, има надеж. Ќе се бориме до самиот крај, но шест бода се шест бода и мораме да продолжиме да работиме напорно. Секако дека сме среќни, но бодовите што ги освоивме значат исто толку колку и оние што ги испуштивме. Не бевме во најдобра форма на почетокот од годината и тоа е разочарувачки. Можевме да бидеме поблиску до Арсенал. Среќен сум затоа што ова е најпредизвикувачкиот стадион во цела Англија. Многу сум среќен“, вели капитенот на Манчестер сити, Бернардо Силва.

