Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) побара од УЕФА најстрого да ги казни Албанија и Хрватска, чии навивачи скандираа „Убиј Србин“, потврди генералниот секретар на ФСС Јован Шурбатовиќ.
Hey @UEFA
Albanian and Croatian fans are chanting, "Kill, kill, kill the Serb!"
(Ubij, ubij, ubij Srbina) pic.twitter.com/QrOzFLBPaH— Bond…cigare Bond (@zatviter) June 19, 2024
„ФСС ќе бара од УЕФА за најстроги мерки, дури и по цена да не го продолжиме натпреварувањето. Ова е скандалозно и не сакаме да се повтори. Сакаме да има драконски казни и за навивачите кои ги извикуваа тие пароли. Упатуваме апел до УЕФА за овие случувања. Нема никаква врска со спортот и фудбалот. Не сакаме да го политизираме првенството“, вели генералниот секретар на ФСС Јован Шурбатовиќ.
По првите мечеви, УЕФА имаше казни како за Србија, така и за Хрватска и Албанија, но сега се очекува многу подрастични да бидат санкциите од УЕФА поради скандирањето на фановите на Албанија и Хрватска.