Многу разочарувања има кај македонската спортска јавност по дебаклот на фудбалерите на гостувањето во Манчестер, каде што загубија со 7:0 од Англија. Тоа е најтежок пораз во историјата на македонската фудбалска репрезентација, а на социјалните мрежи може да се прочитаат многу коментари.
Некогашната македонска репрезентативка Афродита Салихи упати интересна порака. „Е, нека видат како ни беше нам жените со Англија. Ни било местото во кујна. Ајде и вие на скаричка назад и пивце ДОМАЌИНИ“.