Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед и англиската репрезентација, Џеси Лингард, веќе шест месеци нема клуб и е надвор од зелените терени. Сега посакува да се врати на фудбалот и тоа не било каде, туку да заигра за екипата на Барселона.
Англичанецот е понуден на „каталонците“, но тешко дека раководството ќе се одлучи да го ангажира со оглед на неговите лоши навики и недисциплината. 31-годишниот фудбалер требаше да биде еден од носителите на играта, не само на „црвените ѓаволи“, туку и на репрезентацијата на Англија, но неговата кариера тркна во надолна линија.
За Манчестер јунајтед настапи на 232 натпревари, постигна 35 голови и запиша 21 асистенција. За „горбиот албион“ настапи на 32 меча, а шестпати ја тресеше противничката мрежа.