Златан Муслимовиќ, поранешниот репрезентативец на Босна и Херцеговина, раскажа интересна приказна за кусата епизода што ја имаше во славниот англиски клуб Манчестер јунајтед, во ерата кога клубот царуваше во Англија под палката на Сер Алекс Фергусон.
Во 1999 година Муслимовиќ оставил одличен впечаток кај Црвените ѓаволи со настап за Гетеборг против Манчестер јунајтед и бил повикан на проба на култниот „Олд Трафорд“.
„Ми беше чест што славен клуб каков што е Манчестер јунајтед се интересира за мене. Со Гетеборг на турнеа во Јужна Африка игравме против нив и ме забележаа и ме повикаа на проба. Прифатив и кога стигнав во Манчестер, ме сместија во семејство и живеев кратко со повозрасни луѓе. Ми даваа студен грав за доручек во 6-7 часот наутро, а живеев во мала соба. Ми беше досадно до времето за тренинг, а тогаш бев господ во Гетеборг, иако имав само 17 години. Ми понудија одлични услови и договор и се вратив. Можеби погрешив бидејќи Манчестер јунајтед е голем клуб со извонредни услови за тренинг и напредување во кариерата. Фергусон беше закон, но јас бев млад и се вратив во Гетеборг“, раскажа Муслимовиќ.
Златан о кариерата играше дури за 14 клубови, Манчестер јунајтед не му стана јубилејниот 15-ти, а настапи и на 30 меча за репрезентацијата на БиХ и постигна 11 гола.

