Поранешен бундеслигаш после 11 години обезбеди пласман во Третата лига, па следуваше лудо славје (Видео)

Поранешниот бундеслигаш, Алеманија Ахен, после 11 години талкање во четвртата лига, обезбеди пласман во Третата Бундеслига за следната сезона. На четири кола до крајот на Регионалната лига – Запад тиа имаат 14 бода предност пред конкурентите Вупертал и Фортуна Келн.

Иако денес не играа, Вупертал загуби на гостувањето токму кај Фортуна Келн, а тоа беше знак за големо славје во Ахен.

Алеманија последен пат играше во Бундеслигата во сезоната 2005/06, но како претпоследни на табелата испаднаа, а две години претходно играа и во финалето од Купот на Германија, но загубија минимално со 3-2 од Вердер Бремен.

https://twitter.com/tim_fischer7/status/1783948229408625015?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1783948229408625015%7Ctwgr%5E7b6bf89a4886e16fa1dd2fd651c82de066deef6b%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportsport.ba%2Ffudbal%2Falemannia-aachen-promocija-u-3-ligu%2F473422

- Оглас -

Најнови вести