Поранешен член на Реал Мадрид обвинет за поседување детска порнографија

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и германската репрезентација Криштоф Мецелдер се гони за поседување и споделување материјали кои содржат детска порнографија.

Мецелдер се соочува со кривични пријави за поседување и споделување детска порнографија, а бил претплатен на одредено лице да го снабдува со материјали. Мецелдер ги добивал материјалите преку мобилната апликација WhatsApp.

Истрагата беше започната од судот во Хамбург во септември 2019 година, но случајот го презеде судот во Дизелдорф, родниот град на Мецелдер. Во периодот кога истрагата почна, не се знаеше за која јавна личност станува збор, но германските медиуми по подолго време открија дека обвинетиот во случајот е токму 40-годишниот Мецелдер.

Судот во Дизелдорф ќе го започне рочиштето на 29 април, по што ќе се дознае казната за ексчленот на Реал Мадрид, Борусија Дортмунд и Шалке 04.

- Оглас -

Најнови вести