Ваква луда соработка може да се случи само во Англија. Второлигашот Нотингам форест го продолжи договорот со стадионот „Сити граунд“ на 250 години. Поранешниот европски првак го осигури своето „живеалиште“ за наредните два и пол века, па традицијата од 1898 година ќе трае уште многу долго.
Самиот клуб го поседува земјиштето на стадионот, но тој припаѓа на општината, па затоа оваа соработка мораше да се потпише. Инаку, градскиот совет и Нотингам планираат да го прошират капацитетот од 30.000 седишта на „Сити граунд“, една трибина целосно ќе биде реконструирана, додека на останатите три трибини ќе бидат додадени седишта.
https://twitter.com/NFFC/status/1140973332445192193?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1140973332445192193&ref_url=http%3A%2F%2Fsportklub.rs%2FFudbal%2FPremier-League%2Fa290009-Notingem-Forest-igra-na-Siti-graundu-jos-250-godina.html