Поранешен европски шампион е подготвен да плати богатство за потписот на Марко Митев

Според информации на порталот „24 ракомет“, поранешниот европски шампион Магдебург, со сите сили тргнува по потписот на еден од најдобрите наши ракометари, кој блесна на Светското првенство, Марко Митев. Бундеслигашот е подготвен да плати 300.000 евра како обесштетување на Алкалоид само за да го добие нашиот репрезентативец.

Митев кој на Светското првенство во Вараждин постигна 22 гола на шест натпревари, има договор со екипата од „Автокоманда“ до крајот на оваа сезона, па налето може да си замине и како слободен игра, секако доколку не го продолжи договорот, но Магдебург сака да го ангажира веднаш и токму затоа се подготвени да ја платат сумата од 300.000 евра.

Интерес за Марко Митев има и од уште еден бундеслигаш, Мелсунген, но и од полскиот Килце.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести