5.8 C
Skopje
сабота, 1 ноември 2025

Поранешен европски шампион го отпушти тренерот само два дена пред мечот во ЛШ

Екипата на Феенорд во среда, во Ротердам, го пречекува Милан во меч од плејофот на Лигата на шампионите, а само два дена пред натпреварот, раководството на поранешниот европски шампион се одлучи да го отпушти тренерот.

Данецот Брајан Приске повеќе не е тренер на Феенорд и покрај тоа што успеа да го донесе клубот до плејофот на Лигата на шампионите. Сепак, проблем се резултатите на домашна сцена, каде што Феенорд доживеа елиминација од ПСВ во четвртфиналето од Купот, а во првенството се дури на петтата позиција. Приске го водеше Феенорд на 33 натпревари со ефект од 18 победи, седум нерешени и осум порази.

- Оглас -

Најнови вести