Поранешен фудбалер на Арсенал итно хоспитализиран поради крвавење во мозокот

Поранешниот фудбалер на Арсенал, Џеф Рејн-Аделајд, итно е хоспитализиран откако десеттина минути мина без свест на тревникот, а премен е на лекување со крвавење во мозокот.

Тој во моментов е фудбалер на белгискиот Моленбек, а откако со топка беше удрен во лицето на дуелот против Шарлоа, се здоби со тешка повреда и се уште нема точни информации околу неговата здравствена состојба.

Лекарите ведаш се обиделе да му помогнат, но потоа бил префрлен на болничко лекување.

Рејн-Аделајд во периодот од 2016-тата до 2018-тата беше член на Арсенал, но не забележа ниту еден настап во Премиер лигата, а одигра само осум меча во англиските купови. 26-годишниот французин освен за Арсенал и Моленбек, играше и за Ленс, Анже, Лион, Ница и Троја.

- Оглас -

Најнови вести