Поранешен фудбалер на Барселона е еден од фаворитите за нов тренер на Реал Мадрид?!

Шпанските медиуми објавија дека Реал Мадрид го следи тренерот на Комо и поранешен фудбалер на Барселона, Сеск Фабрегас, како можен кандидат за тренер на клубот од следната сезона.

Според новинарот Хорхе Пикон, Фабрегас е еден од тренерите кои особено ги импресионирале челниците на Реал Мадрид.

Истиот извор наведува дека во Реал го ценат неговиот стил на работа, комуникацијата со играчите и веруваат дека би можел да биде сериозен кандидат за преземање на тимот.

Комо игра одлично оваа сезона под водство на Фабрегас и во моментов се наоѓа на четвртото место во Серија А.

Да потсетиме, моментално тренер на Реал Мадрид е Алваро Арбелоа, кој беше назначен на функцијата по отказот на Чаби Алонсо во јануари.

Инаку, Фабрегас во својата кариера настапуваше за Арсенал, Барселона, Челси и Монако, пред да ја заврши играчката кариера во Комо во 2023 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести