Поранешен фудбалер на Јунајтед брутално искрен: „Во Саудиска Арабија нема страст, сите доаѓаат за пари“

Поранешниот член на Манчестер јунајтед, Одион Игало, беше брутално искрен во едно интервју. Тој во моментов игра за Ал-Хилал од Саудиска Арабија и вели дека никој таму не доаѓа од страст кон фудбалот, туку само за пари.

„Видете ги овие што доаѓаат во Саудиска Арабија, сите се големи играчи. Роналдо, на пример. Дали има страст, дали игра поради страст? Роналдо во кариерата заработи стопати повеќе од мене, а сепак дојде во Саудиска Арабија. Некој мисли дека тоа е страст? Сето тоа е само поради пари“, рече Игало.

Нигериецот пред три години настапуваше за Манчестер јунајтед, но како позајмен фудбалер од кинескиот Шангај Шенхуа. За Црвените ѓаволи одигра 12 натпревари, на кои постигна четири погодоци. Тој е еден од првите фудбалери кој се одлучи да се пресели во Саудиска Арабија, најпрво во Ал-Шабаб, а потоа и во Ал-Хилал. Неговата статистика во арапското првенство е одлична, на 71 натпревар постигна 52 гола.

- Оглас -

Најнови вести