Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Марник Вермијл, одлучи да ја заврши фудбалската кариера на само 32-годишна возраст. Тој во последниот период паралелно со играњето фудбал, одел и на курс за поштар, па сега конечно ќе може да ѝ се посвети на својата нова професија.
Тој во 2010 година за сума од 220.000 фунти се пресели од академијата на Стандард Лиеж во академијата на Манчестер јунајтед, а подоцна и дебитираше за првата екипата на „црвените ѓаволи“.
„Доста ми е од професионалниот фудбал. Премногу зависите од тренерот. Забавата беше важен фактор за мене. Како поштар морам да станам од спиење во четири часот наутро, но сега доаѓам дома околу ручек, па можам секој ден да ги земам децата од училиште. Тоа е луксуз.“ – вели Вермијл.
Белгиецот освен за Манчестер јунајтед, играше и за НЕЦ Најмеген, Шефилд, Престон, Скантроп и Мастрихт.