Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Антонио Валенсија, стана вистински херој во својата татковина откако спречи момче да се самоубие со скокање од мост. Триесет и деветгодишниот фудбалер по завршувањето на кариерата одлучи да се врати во Еквадор и таму да живее.
Херојскиот потег на Валенсија е уште поголем бидејќи го спасил момчето со разговор, го охрабрил и го одвлекол од идејата да изврши самоубиство.
Валенсија целата приказна ја објави на социјалните мрежи.
„Синоќа имав непријатно искуство. Едно момче сакаше да стави крај на својот живот на овој мост, а беше многу млад. Излегов од автомобилот и му пријдов. Не го спасив, само разговарав со него. Се обидов да го мотивирам, иако беше многу тешко“, вели Еквадорецот.