Поранешен фудбалер на Сити сега поправа рефлектори: “Некогаш играв под нив, сега ги поправам“ (Видео)

Поранешниот фудбалер на Манчестер Сити, Шеј Логан, во моментов е член на шкотскиот второлигаш Ков Ренџерс, но има и втора работа. Тој е задолжен за поправањето на рефлекторите на стадионите ширум Велика Британија.

35-годишниот англичанец вели дека од фудбалот не заработува доволно и мора да работи уште една работа за да преживее. Во минатото работел и како водоинсталатер, а желба му е да работи во нафтената индустрија.

Тој на социјалните мрежи објави видео од голема висина како ги поправа рефлекторите на стадионот на Абердин и напиша: “Од играње под рефлектори до нивно поправање“

https://twitter.com/Shay2920/status/1673363260702072832?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1673363260702072832%7Ctwgr%5Ee3d7971f26ae995e1023e990c89ead783efbe67d%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Fbivsi-igrac-cityja-popravlja-reflektore-na-stadionu-objavio-je-snimku-s-visine%2F2475150.aspx

Логан во својата кариера беше член на Манчестер Сити, но одигра само три натпревари. Во продолжение од кариерата настапуваше и за Гримзби, Скантроп, Стокпорт, Транмере, Брентфорд, Абердин и Харт. Највисоката вредност што ја достигна на Трансфермарет му беше 600.000 евра.

- Оглас -

Најнови вести