Мајка Ричардс цели 10 сезони играше за Манчестер сити, во периодот од 2005 до 2015 години, но сега често е присутен во медиумите на Островот со своите коментари и анализи. Овојпат на удар беше тренерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, чии изјави не му се допаднале на Ричардс.
„Кога кажа дека ова е најлошиот тим на Јунајтед во историјата или како и да беа неговите зборови, веројатно не сфати дека тоа ќе биде насловот. Ако не му се допаѓа некој играч, ако не му се допаѓа Рашфорд, тоа е негова одлука. Како стручњаци тоа можеме да го прифатиме, негова одлука, ја почитуваме. Сепак, сето останато што го кажа само му ја отежнува ситуацијата. Тој не размислува што прави бидејќи сè околу него е хаос. Потполн хаос.“
Поразот од Тотенхем беше 12-ти за Манчестер јунајтед оваа сезона во Премиер лигата, што е рекорд во последните 30 години.