Поранешен фудбалер до смрт изгризан од неговите кучиња

Некогашниот фудбалски репрезентативец на Замбија, Филемон Мулала, почина на 60 години и тоа откако бил нападнат од кучињата што ги чувал во сопствениот двор. Трите агресивни кучиња биле немилосрдни кон Мулала, кој не успеал да се одбрани и починал.

Сопругата на Филемон го слушнала гласното лаење на кучињата, но не посветила многу внимание затоа што куќата се наоѓа во близина на прометна улица, па кучињата често лаеле на автомобилите кои поминувале или на пешаците кои биле во близина на куќата.

Кога жената сакала да го пронајде Филемон, таа била шокирана кога го видела телото на својот маж во дворот. За жал, на некогашниот фудбалер му немало спас.

Мулала во кариерата има играно за два големи јужноафрикански клуба – Кајзер чифс и Кејптаун. Во дресот на репрезентацијата на Замбија има одиграно шест меча во кои постигнал три гола, а бил дел и од националниот тим кој во 1984 година триумфира на ЦЕЦАФ, најстариот фудбалски турнир во Африка.

 

- Оглас -

Најнови вести