Поранешниот голман на Атлетико Мадрид и експомошник на Диего Симеоне, Херман Бургос, предизвика расистички скандал пред мечот меѓу ПСЖ и Барселона.
Бургос, кој работи како стручен консултант на телевизијата „Мовистар“, ја шокира јавноста со неговиот коментар за Ламин Јамал на загревањето пред мечот.
https://twitter.com/i/status/1778201140515201199
Тој во моментите кога во кадарот се појави Ламал на загревањето, прокоментира:
„Да не успееше во фудбалот, би завршил на семафор“.
Шпанската јавност веднаш го осуди овој коментар како расистички и порача санкции за Бургос.
https://twitter.com/Football__Tweet/status/1778321716139172066
Фудбалерите на ПСЖ и на Барселона по мечот одбија да дадат изјави за новинарот на Мовистар во микс зоната.
Бургос по мечот се извини за својот коментар.
„Немав намета да се повредам Јамал. Ако некој се почувствува навреден, јавно се извинувам“, изјави Бургос.