Поранешниот репрезентативен голман на Западна Германија, но и на Штутгарт, Борусија Дортмунд и Манчестер сити, Ајке Имел, е осуден на затворска казна од две години и два месеца бидејќи продал билет за Европското првенство во Германија, а никогаш не го испорачал билетот.
Против него се покренати вкупно 107 обвенија за заеми кои не успеал да ги врати, а вкупниот износ е над 30.000 евра. Неговите адвокати во судница кажале дека славниот голман е засрамен од своите постапки, но тоа го правел поради тешката финансиска состојба во која се наоѓа.
Сега 64-годишниот Имел беше дел од репрезентацијата на Западна Германија која го освои Европското првенство во 1980 година, а беше дел и од Светските првенства во 1982 и 1986 година.