Некогашниот фудбалер на младинските екипи на Астон вила и Валенсија, Осаги Баском, е убиен во ноќен клуб во својата родна држава Бермуда.
„Во овој момент имаме навистина мал број детали и ги повикуваме сите тие што имаат некакви информации да се обратат кај нас“, стои во соопштението на тамошната полиција.
Последен клуб на овој фудбалер беше англискиот нисколигаш Дарлингтон, каде што во сезоната 2019/20 одигра 11 натпревари.
За својата селекција има 18 настапи и еден погодок.