Поранешен играч на Барселона потпиша за ГРК Охрид

ГРК Охрид има големи планови за наредните сезони и сериозно ги спроведува. Тимот се засилува со ракометари кои имаат богато искуство и доаѓаат од врвни европски клубови. Најновото име што пристигнува е од Шпанија, поточно од престижната АСОБАЛ лига – и тоа не кој било, туку поранешен играч на моќната Барселона!

Станува збор за Ориол Реј Моралес, дефанзивен специјалист кој зад себе има завидна кариера. Последните неколку сезони го бранеше дресот на Гранољерс, каде што сезонава играше и во Европската лига, но претходно помина дури шест сезони во Барселона и настапуваше во Лигата на шампионите. Има и две сезони во Франција со тимот на Екс Ан Прованс, каде што повторно играше на европска сцена преку ЕХФ Европската лига.

Минатата сезона беше прогласен за најдобар дефанзивец во АСОБАЛ лигата – признание кое само ја потврдува неговата класа. Според договорот, Реј Моралес ќе остане во редовите на Охрид најмалку до 2027 година.

- Оглас -

Најнови вести