Поранешен играч на Карпош Соколи ја елиминира Барселона од шпанскиот куп (Видео)

Уникаха од Малага приреди изненадување и ја елиминира Барселона во четвртфиналето на шпанскиот куп во кошарка, а најзаслужен за победата од 89-87 беше Кендрик Пери, некогашниот бек на Карпош Соколи.

Пери, кој играше за Соколите во сезоната 2016/2017, кога клубот се натпреваруваше и во АБА-лигата, го даде последниот кош на 9 секунди до крајот, кој се покажа како победнички, а Американецот со црногорски пасош средбата ја заврши со 22 поени и 6 асистенции.

 

- Оглас -

Најнови вести