14.8 C
Skopje
петок, 5 септември 2025

Поранешен играч на Манчестер јунајтед го има потегот на колото во Лига 1 (видео)

Нант викендов го загуби првиот овосезонски дуел во француското првенство. На гостувањето кај вицешампионот Лил, Канаринците претрпеа пораз од 2-1, но еден играч на поразените се истакна повеќе од своите соиграчи.

Дефанзивецот Фабио го изведе потегот на колото со дриблингот врз Кадер Бамба. Ексиграчот на Манчестер јунајтед многу смирено му ја протна топката на противникот низ нозе, по што овој разочарано се најде на земја.

- Оглас -

Најнови вести