Поранешен играч на Манчестер сити стравува од полицијата во САД

Недум Онуоха, поранешниот играч на Манчестер сити, вели дека не се чувствува безбедно во хаосот што ги зафати Соединетите Американски Држави, а стравува од полицијата.

Онуоха е учесник на протестите во Солт Лејк Сити кои се разгореа по убиството на Џорџ Флојд во Минеаполис.

„Внимавам како се однесувам бидејќи сепак сум спортист, но овде е хаотично. Стравувам од полицијата и не верувам во нивната способност без насилство да воспостават ред“, вели 33-годишниот фудбалер на Реал лејк сити.

Онуоха игра во МЛС-лигата, која е прекината поради корона-вирусот, но и тешко ќе се одигра поради безбедносната ситуација, која ескалираше во САД со масовни протести.

Недум е Нигериец, а професионалната кариера ја почна во Манчестер сити во 2004 година и беше член на популарните Граѓани до 2012 година. По шест години минати во клубот во 2010 година беше испратен во Сандерленд како позајмен играч, а потоа во 2012 година се пресели во Квинс парк ренџерс, сè до преклани, кога замина во САД.

- Оглас -

Најнови вести