Поранешен играч на МЗТ Скопје потпиша за Њујорк никс!

Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром, станува отскочна даска за трансфер во НБА лигата. После директниот премин од МЗТ во Орландо меџик на Хасани Гравет, сега и некогашниот кошаркар на Штрковите, Нуни Омот, потпиша договор во најсилната лига на светот, со екипата на Њујорк никс.

Омот кој е роден во Кенија, а репрезентативец е на Јужен Судан, во 2019 година го носеше дресот на МЗТ, и остана неколку месеци пред да замине во Холандија. Пред да прејде во Никс, крилото играше во клуб од Порторико.

- Оглас -

Најнови вести