Поранешен италијански голман лежи во болница во Мариупол, се борел на страната на Украина

Некогашниот италијански голман Иван Вавасори (30) се наоѓа во болница во украинскиот град Мариупол бидејќи бил ранет во воениот конфликт, каде што се пријавил како доброволец да се бори на страната на Украинците.

Од 20 февруари тој војувал во одбраната на Киев.

„Украинците се фантастични луѓе, за мене е чест да се борам за нив. Дојдовме тука за да не дозволиме војната да стигне до Европа“, напиша неодамна Иван.

Иван Вавасори има интересна биографија. Роден е во Русија, но кога имал пет години, бил посинет од семејството Вавасори во Италија. Мајка му Алесандра била киднапирана од калабриската мафија во 1997 година и ослободена после девет месеци, но починала во 2011. Татко му Пјетро е бивш сопственик на фудбалскот клуб Про Патрија, за којшто бранеше.

Вавасори бранеше за неколку тима од Серија Ц, а бранел и во Боливија. Во 2013 година, Про Патрија играше пријателски меч против Милан, а средбата беше прекината поради расистички извици против Кевин-Принс Боатенг. Две години подоцна, пак бранеше против Милан, а тогаш за Росонерите дебитираше Џиџи Донарума.

Обвинител од Милано започнал истрага за мисијата на Иван во Украина.

- Оглас -

Најнови вести