Се однесуваше како хулиган – Поранешен капитен на Русија крвнички претепа судија, летаа боксови и клоци (Фото+Видео)

Роман Широков, поранешниот капитен на руската репрезентација и познат играч на Зенит, крвнички го претепа судијата Никита Данченко на аматерски турнир во Москва.

Широков, кој има 57 настапи за националната селекција, незадоволен од одлуката на судијата да не досуди пенал, му се нафрли со боксови и клоци.

Прво го погоди со дирек, а потоа го удираше со нозете, додека Данченко беспомошно лежеше на тревата.

„Бев четири и пол часа во болница. Имам повреда на јаболкницата и неколку конци за да ми ја сошијат раната. Сè што нема да те убие, ќе те направи посилен. Засега сум во ред, но треба да има уште неколку испитувања“, изјави несреќниот судија.

Широков подоцна му се извини за инцидентот, но го очекува кривична пријава за физички напад на лице.

- Оглас -

Најнови вести